Добродојдовте на страната на Македонското културно друштво во Нов Зеланд "Клуб МАКЕДОНЗ Инк". Страната е во изработка!  Ако имате идеја или би сакале да ни пратите некој предлог ве молиме тоа да го направите преку следната електронска адреса contact@makedonz.org.   Welcome to  the site of the Macedonian social community  in New Zealand "Club MAKEDONZ Inc".  Feel free to browse however please note that the site is under construction. If you have any comments, news, ideas  or if you want to join us please send us email to following address: contact@makedonz.org  Have a great day!
Драги Македонци,

На 22 февруари клубот Македонз одржува отворен форум и презентација во соработка со Обединетата македонска дијаспора од Вашингтон, САД.

На манифестацијата гостува претседателот на ОМД, г-динот Методија Колоски, кој ќе ја изложи работата на организацијата и неговите идеи за меѓусебна соработка и поддршка на нашата заедница во Нов Зеланд.

Добредојдени се сите Македонци (и други заинтересирани).
Со подетални информации и посебна содржајна најава ќе се јавиме подоцна.


Од тимот на Македонз

Првиот час на факултативна настава по македонски јазик во Нов Зеланд
Окленд 09-12-2009

На 9ти декември 2009 година се одржа првиот блок часови од факултативната настава по македонски јазик. Најпрво децата се запознаа меѓусебно и со наставниот кадар, а потоа и со основите на македонската азбука. Учењето беше прошарано со активности за ослободување и релаксација на децата. 

Наставата ја изведуваат 5 квалификувани учителки, а децата се поделени во мали групи според нивото на знаење и возраст. Организаторите го обезбедија наставниот материјал и најголемиот дел од училишниот прибор за учениците.

До крајот на оваа година ќе се одржат уште два блок часа. По празничната пауза, наставата ќе продолжи во недела на 17 јануари 2010 година за децата кои се зафатени во работните денови, односно понеделник 18 јануари 2010 година за оние кои посетуваат настава во работни денови. Целиот наставен циклус ќе трае 6 месеци.

Одделение „Факултативна настава“
„Club MAKEDONZ Inc“


Регистрирај Се
Изнајми книга
Прашајте го тимот на Македонз
New Zealand History online
Новозеландска историја
Форум и презентација во соработка со ОМД од Вашингтон на 22 Февруари 2010
Окленд 26-01-2010
Факултативна настава по македонски јазик
-Известување до родителите за наставата во понеделник, 1-ви февруари-
Окленд 28-01-2010

Почитувани родители,

Ве информираме дека часот за факултативна настава по македонски јазик во понеделник, 1-ви февруари, нема да се одржи поради престојниот празник, Auckland & Northland Ann.
Наредните часови ќе продолжат во редовниот термин, секој понеделник со почеток во 19h и 15мин до 21h во просториите на Browns Bay Comunity Centre, Glen Rd.

Ви посакуваме пријатни денови,
Тим за Факултативна настава по македонски јазик